Скандал во Србија: Судија жестоко опцу фудбалер на Партизан (ВИДЕО)
Партизан од 35. минута играше со десетмина, откако Милан Вукотиќ доби црвен картон по серијата приговори кон главниот арбитар.
Вукотиќ прво доби жолт картон поради протестирање на една судиска одлука, но продолжи со реакциите и по неколку моменти Јовановиќ му покажа и втор картон, односно црвен. Сепак, тука не заврши конфликтот.
Додека Вукотиќ го напушташе теренот, телевизиските камери го фатија Јовановиќ како му упатува навредлив збор. Според читањето од неговите усни, судијата изговорил тешка пцовка кон фудбалерот на Партизан. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, а повеќе српски медиуми го објавија спорниот момент. Засега нема официјална реакција од Фудбалскиот сојуз на Србија, судијата Јовановиќ или Партизан за инцидентот.