Грчки клуб доживеа срамен пораз, па го промени логото (ФОТО)

Грчкиот клуб Пансераикос по најтешкиот пораз во својата историја повлече несекојдневен потег на социјалните мрежи.

Имено, откако во натпреварот од Купот доживеа дебакл од АЕК со резултат 8-1, челниците на клубот одлучија да ја променат профилната фотографија на официјалните канали и својот препознатлив грб целосно да го обојат во црно.

Иако од клубот не дадоа официјално објаснување за овој потег, промената на визуелниот идентитет јасно беше сфатена како симболичен гест на жалост и големо разочарување поради катастрофалниот резултат.

Препознатливите црвено-бели бои привремено беа заменети, а несекојдневната реакција на клубот брзо се прошири на социјалните мрежи и привлече големо внимание.