Статистика која открива големи проблеми во Манчестер јунајтед (ФОТО)

Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезоната, а последните резултати дополнително ги зголемија прашањата околу формата на тимот предводен од тренерот Мајкл Карик.

„Црвените ѓаволи“ во првите четири натпревари од Премиер лигата остварија само една победа, а исто така запишаа едно реми и два порази, па со четири освоени бодови се наоѓаат во долниот дел од табелата.

Последниот натпревар против Брајтон во Лига купот дополнително ги истакна слабостите. Јунајтед водеше со 2-0 по само десет минути, но на крајот загуби со 2-3 и беше елиминиран од натпреварувањето.

„Скај Спортс“ објави статистика која треба да ги загрижи „ѓаволите“, а истата покажува дека се едни од најлошите тимови по покриено растојание на теренот, како и интензитетот на трчање на теренот.

Фото: Facebook/Manchester United