УЕФА го објави планот против Инфантино!
Потпретседателката на УЕФА, Лаура Мекалистер кажа дека европската фудбалска организација не се откажува од идејата да пронајде кандидат кој може да го победи Инфантино.
„Не мислам дека ја преценивме штетата која е нанесена на неговиот авторитет. Секогаш знаевме дека работите нема да се променат преку ноќ“, кажа Мекалистер.
УЕФА не инсистира дека против-кандидатот мора да биде од Европа, туку Мекалистер посочи дека е важно да пронајдат личност која ќе биде достојна да ја води ФИФА.
Неколку фудбалски сојузи веќе јавно го искажаа незадоволството од начинот на кој ФИФА ги носи одлуките,, па поради тоа сакаат промена во организацијата.