Хаос во Франција пред дебито на Зидан, „Златната топка“ ја поделила соблекувалната!
Според информациите што ги објави поранешниот француски репрезентативец и консултант на „РМЦ Спорт“, Жером Ротен, неодамнешните изјави на капитенот Килијан Мбапе во рамките на кампањата за „Златната топка“ за 2026 година предизвикале големо незадоволство кај соиграчите, предводени од Усман Дембеле.
Тензиите кулминирале откако напаѓачот на Реал Мадрид во своите медиумски настапи индиректно потценил некои од поранешните освојувачи на „Златната топка“. Мбапе го споредил својот развоен пат со оној на Дембеле, изјавувајќи дека фудбалерот на ПСЖ отсекогаш бил гледан само како „играч со талент“, додека тој самиот од почетокот бил „избраниот“.
Покрај тоа, Мбапе изјавил и дека во ПСЖ немало вистински ѕвезди додека тој го носел дресот на клубот, што во таборот на парижаните, а особено кај самиот Дембеле, било доживеано како своевидно предавство.
💥😲 "Il s’est mis beaucoup de gens à dos." ❌🇫🇷 Selon les informations de Jérôme Rothen, plusieurs joueurs de l'EDF ne comprennent pas les dernières prises de parole de Mbappé. À tel point que deux "teams" seraient en train de se former chez les Bleus. https://t.co/TNiCoTAz6W https://t.co/0ZdeuroMq7
— RMC Sport (@RMCsport) September 14, 2026
Актуелниот освојувач на „Златната топка“ за 2025 година набрзо возврати.
„Во текот на целата кариера не кажав ниту збор, само работев, и тоа многу. Никогаш не бев ‘избраниот’, туку напорно тренирав. Минатата година бев награден за фантастичната сезона со ПСЖ“, изјави Дембеле по победата над Брест овој викенд.
Ротен истакнува дека Дембеле не е единствениот кој е огорчен од постапките на капитенот и дека во соблекувалната на „Триколорите“ се создаваат два табора. Поголемиот дел од соблекувалната наводно е на страната на Дембеле бидејќи соиграчите го сметаат фудбалерот на ПСЖ за човек кој го обединува тимот и ја одржува добрата атмосфера, за разлика од Мбапе, чии ставови сè повеќе ја иритираат групата.