„Детето“ на Јуве во спектакл со Сасуоло ја расплака „старата дама“! (ВИДЕО)

Јувентус по голема драма со Сасуоло кој славеше со 3-2 го претрпе првиот пораз во Серија А.

Јувентус влезе како фаворит во дуелот, меѓутоа Сасуоло на теренот беше сосема рамноправен противник, а првите 45 минути не донесоа погодоци.

Се играше 65. минута кога српскиот ветеран Немања Матиќ му асистираше на Еспозито за изненадувачко водство на домаќините. Јувентус по примениот гол тргна во комплетна офанзива по израмнување и до него стигна преку првенецот во Италија за косовскиот фудбалер Жегрова кој стрелаше во 82. минута.

Веднаш по неговиот погодок, Јувентус создаде две одлични прелики, прво се закани Алајбеговиќ кој одлично шутираше од мртов агол, а потоа и Волтмаде можеше од непосредна близина со глава да погоди, но шутираше покрај голот.

Кога не ги искористи стигна казната на спротивната страна, Боуви во 89-та минута го матираше Викарио за второ водство на Сасуоло. Но, Жегрова како да беше решен да не дозволи вечерва Јувентус да загуби, па во 91. минута повторно погоди за 2-2.

Сепак, драмата не заврши тука, во последните секунди од натпреварот, Василије Аџиќ, фудбалерот кој е позајмен од Јувентус во Сасуоло постигна одличен погодок за победа на домаќините.