Премиер лигата објасни: Еве зошто голот на Халанд беше признат (ВИДЕО)

Раководството на англиската Премиер лига излезе со официјално соопштение откако признатиот гол на Ерлинг Халанд на градското дерби во Манчестер предизвика реакции и полемики меѓу навивачите.

Напаѓачот на Манчестер сити ја затресе мрежата во 60. минута од натпреварот, носејќи му предност на својот тим. Голoт најпрво беше поништен на теренот поради досуден офсајд, но по проверката со ВАР одлуката беше преиначена и погодокот беше признат.

Таквиот расплет предизвика незадоволство кај дел од јавноста, која смета дека правилото за офсајд не било правилно применето. Поради тоа, Премиер лигата излезе со дополнително појаснување.

„ВАР ја провери одлуката на судиите на теренот и утврди дека Халанд се наоѓал во дозволена позиција, по што препорача голот да биде признат. Исто така, ВАР процени дека Фернандез, иако се наоѓал во офсајд-позиција, не играл со топката ниту, пак, влијаел врз играта.“

Според актуелните правила на Премиер лигата, играч кој се наоѓа во офсајд-позиција ќе биде санкциониран доколку активно го спречува противникот да игра или му ја ограничува можноста да игра со топката, доколку влегува во дуел за топката со противникот или доколку прави очигледен потег што директно влијае врз способноста на противникот да реагира.

Во овој случај, судиите во ВАР-собата процениле дека такво влијание немало.

Инаку, реакции помеѓу фудбалските фанови предизвика и моментот од првото полувреме кога Фил Фоден беше исклучен по дуел со Бруно Фернандеш кој прв го почна конфликтот, но Португалецот не беше санкциониран ниту со жолт картон.