Новајлијата во Германија му покажа „заби“ и на Баерн, но не можеше да го изненади шампионот (ВИДЕО)
По две победи, Елверсберг и денес одигра храбро, но не успеа да остане непоразен против фаворизираниот Баерн, кој славеше со голот на Хари Кејн во 72. минута по асистенцијата на Александар Павловиќ.
Баерн поведе во 26. минута, кога Карл ја искористи асистенцијата на Хари Кејн за 0-1. Домашните во финишот на првото полувреме успеаја да ја затресат мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.
Сепак, во 61. минута сè беше чисто, кога Ноа Дарвих асистираше, а резервистот Кратенмахер испрати одличен удар кој заврши во мрежата.
Сепак, Баерн по израмнувањето додаде гас, а во 72. минута Павловиќ се уфрли во празниот простор и го проигра Кејн, кој во свој стил се намести и погоди покрај самата статива за 2-1.
Баерн сега има седум бодови, додека пред него се Фрајбург и Борусија Дортмунд со по девет. Елверсберг е на шестото место со шест бодови.