Ќе има реакции: Фернандеш провоцираше, Фоден ги загуби нервите - Сити остана со играч помалку! (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед ќе има голема предност во продолжение во дербито против градскиот ривал откако Сити остана без Фил Фоден.

Се играше 23-тата минута кога Фоден по еден дуел со Фернандеш бурно реагираше и заработи директен црвен картон. Португалецот иако прв го испровоцира англискиот репрезентативец, сепак помина без санкција од главниот судија.