Таневски со младинците ќе дебитира во Скопје против Русија

Македонската репрезентација до 21 година ќе игра натпревар против Русија на 28 септември и тоа ќе биде деби на новиот селектор Александар Таневски.

Таневски досега ја предводеше генерацијата до 20 години, меѓутоа сега доаѓа на клупата на младинците каде што го наследи Горан Станиќ.

Натпреварот против Русија ќе биде подготовка за квалификациските натпревари за Европското првенство во 2027 година против Црна Гора на 1 окттомври и Шведска на 5 октомври.

Дуелот против Русија е закажан за во терминот од 17:00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Покрај натпреварот со Македонија, Русија ќе одигра и уште два натпревари со Србија на 2 и 5 откомври во Стара Пазова.