Стигна потврда: Арсенал бил оштетен против Астон вила! (ВИДЕО)

Арсенал бил оштетен во натпреварот против Астон вила бидејќи требало да добие пенал за преккршок над Бруно Гимареш во казнениот простор, потврденот е на Панелот за клучни судиски одлуки во Премиер лигата.

Моментот се случи во 98. минута од натпреварот, кој Арсенал го доби со 1-0. Главниот судија на натреварот не досуди најстрога казна, а од ВАР-собата немаше интервенција ниту повик за преглед на снимката. Бразилскиот играч за врска на Арсенал бурно протестираше, но неговата реакција не влијаеше врз одлуката.

Сепак, ситуацијата на крајот не влијаеше пресудно врз исходот бидејќи голот на Букајо Сака веќе му ја обезбеди победата на Арсенал. И покрај тоа, потврдено е дека на лондонскиот клуб му била одземена можноста да ја зголеми предноста.

Панелот за клучни моменти е тело составено од пет члена, тројца поранешни фудбалери или тренери, како и по еден претставник на Премиер лигата и судиската организација ПГМОЛ. Тие даваат независна проценка на клучните одлуки во секое коло.

Во извештајот на панелот за спорната ситуација стои:

„Панелот смета дека на теренот требало да биде досуден пенал поради невнимателниот старт на Матсен врз Гимараеш. Имаше јасен контакт со ногата на напаѓачот на која се потпираше, а Матсен воопшто не ја допре топката.“