Kуп на Македонија: Денеска ќе добиеме уште седум осминафиналисти!

Денеска на фудбалските терени низ Македонија ќе се одиграат уште седум дуели во рамките од 1/16 финалето во купот.

Сите натпревари се играат во терминот од 16:00 часот и во нив: Шкендија Арачиново ќе гостува во Радовиш кај Детонит, Осогово дома ќе ја пречека Беласица, Брегалница ќе игра во Тетово кај Тетекс, Кожуф е домаќин на Скопје, Шкупи патува во Каменица кај Саса и Башкими е гостин на Коњаре.

Место во следната фаза веќе обезбедија пет екипи и тоа: Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер и Брера. Исто така директен пласман во осминафиналето има бранителот на трофејот, екипата на Силекс.

По денешните дуели преостануваат уште три во кои Могила ќе се соочи со Арсими на 24 септември, Кросу Спорт Битола ќе го пречека Тиквешна 6 окотмри и последниот дуел на 14 октомври во кој Вардар Неготино на свој терен ќе ги одмери силите со Работнички