ЕХФ не го заборава двократниот шампион - со специјално видео му посака добредојде на Вардар!
Во краткото видео ЕХФ прикажува неколку моменти од натпреварите на Вардар во сезоните кога стигнуваше до европскиот трон (2017 и 2019 година).
Првиот натпревар вардарци во враќањето ќе го играат против Нант на 16-ти септември и за овој дуел билетите се веќе пуштени во продажба (ТУКА).
Покрај Нант, Вардар во групата ќе ги одмери силите уште со Мелсунген и Висла Плоцк.