Последни подготовки за кам-бекот во ЛШ: Вардар ги пушти во продажба билетите за дуелот со Нант
„Црвено-црните“ на 16 септември ќе го пречекаат францускиот гигант Нант, во натпревар кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:45 часот.
По пауза од три години, Вардар повторно ќе биде дел од елитното европско натпреварување, а враќањето во Лигата на шампионите на домашен терен ќе биде посебен момент и за клубот и за навивачите. Од Вардар ги повикаа симпатизерите да ја наполнат салата и да им дадат поддршка на ракометарите во првиот европски предизвик пред домашната публика.
Билетите се продаваат исклучиво онлајн, а цените зависат од блокот во СЦ „Јане Сандански“: 600 денари – блокови А1, А2, А3, А4, А5 и А6, 500 денари – блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15 и 16, како и блок Г и 400 денари – блокови 1, 2 и 9, како и блок А Навивачите билетите можат да ги набават преку vtickets.mk – Вардар 1961 против Нант.
Сезоната во Лигата на шампионите за Вардар почнува в четврток (10 септември) на гости кај Мелзунген.