Кариус херој на Шалке, ги запре налетите на ѕвездите на Баерн (ВИДЕО)
Баерн од самиот почеток ја презеде контролата врз играта. Ленарт Карл се закани уште во третата минута, а набрзо опасен беше и остриот центаршут на Алфонс Дејвис. Во одлична прилика имаше Нејтанел Браун, но Кариус го одби неговиот удар.
Фудбалерите на Шалке се бранеа дисциплинирано и оставаа многу малку простор. Домаќините повремено беа опасни од контранапади.
Непосредно пред полувремето, Луис Дијаз ја пропушти најдобрата шанса за Баерн. Колумбиецот по прецизното додавање од Браун излезе сам пред Кариус, но ја испрати топката покрај голот.
Компани реагираше на полувремето и го внесе Хари Кејн на местото на Браун. По еден час игра влегоа и Џамал Мусиала и Мајкл Олисе, но ниту тие не го најдоа патот до мрежата на вечерва расположениот Кариус.
Претходното во првото коло Баерн ја отвори сезоната со убедлив триумф над Штутгарт со 5-1, додека Шалке загуби од Аугусбург со 3-0.