Aлкалоид тргна со победа во братската пресметка со Мулти Есенс

Алкалоид без поголеми проблеми стартуваше со победа во новата сезона од Суперлигата откако денеска ја доби пресметката со Мулти Есенс со 38-28.

Лазаров настапи во комбиниран состав, но и така немаше проблем со Мулсти Есенс кој сезонава се врати во најсилното друштво. На паузата на семафорот стоеше 16-11, а Алкалоид во вториот дел „додаде гас“ за поубедлив триумф.

Дамјан Митев беше најефикасен со девет ггола, додека кај Мулти Есенс Давид Трајковски и Горзад Дамчевски постигнаа по шест.

Во вториот натпревар во истиот термин Прилеп со 38-31 беше подобар од Куманово.