Драма во Бутел: Младост го уништи дебито на Стоилов

Екипите на Бутел и Младост одиграа нерешено (30-30) во првиот натпревар од денешната програма во ракометната Суперлига.

Мечот беше деби за легендарниот македонски ракометар Стојанче Стоилов на клупата на Бутел, домаќинот ги имаше сите услови за триумф, но на крајот мораше да се задоволи само со бод. На четири минути пред крајот, Бутел имаше предност од 30-26, но гостите направија серија од 4-0 и се изборија за нерешен резултат во првиот натпревар по пласманот во елитната конкуренција од македонскиот ракомет.

Голот за израмнување дојде на 11 секунди пред крајот на мечот, а херој на Младост беше Пеиќ кој погоди во најважниот момент. ракометарите на Бутел имаа време да организираат акција за победа, но се сплеткаа и можноста пропадна. Најефикасен играч на Бутел беше Субашевски со шест гола, додека Младост го предводеше Андоновски со осум.

Денеска на програмата се уште два натпревара од ракометната Суперлига, од 18:30 часот се среќаваат Алкалоид и Мулти Есенс, како и Прилеп и Куманово.