Детали одлучувале: Пикси бил блиску повторно да стане селектор!

Драган Стојковиќ Пикси беше блиску до клупата на репрезентацијата на Јужна Кореја, но азиската селекција сепак на крајот се одлучи за Роберто Морено.

Шпанецот ја презеде функцијата селектор од Хон Мјунг-Бо, кој го напушти кормилото по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство.

Пикси беше блиску ја преземе функцијата, дури дел медиумите најавуваа дека работата е речиси завршена. 

„Имам доволно искуство во работа во Азија. Добро ја познавам тамошната култура и начинот на размислување и немам никаков проблем да се приспособам на локалниот живот и култура. Кореја е многу амбициозна репрезентација, составена од играчи кои имаат потенцијал и талент за остварување добри резултати“, изјави тогаш Стојковиќ.

Како најголема пречка во преговорите претствувала должината на договорот.  Морено потпиша договор само да ја води Јужна Кореја во септември и октомври, додека за долгорочна соработка ќе се одлучува потоа. Такво нешто поранешниот српски селектор не сакал да прифати и барал веднаш да му се даде подолг договор и време да донесе добри резултати.