Злато за Македонија: Белистојаноски е новиот медитерански шампион!
Белистојаноски во големото финале успеа да го декласира Берак со 6-0, а со тоа оствари уште еден голем успех во кариерата.
Каратистот на патот до финалето славеше против Мустафа Алмасламех (6-1), Лука Мареска (2-0) и Георгиос Балиотис (5-1) на патот кон финалето на МИ во Таранто.
Ова беше прв златен медал за Македонија во Таранто, откако претходно стигна до два сребрени и три бронзени медали.
Фото: Карате Федерација на Македонија