Нова драма во Арсенал: Артета се скарал со една од најголемите ѕвезди!

Англиските медиуми пишуваат дека во Арсенал во изминатиот период се случувал вистински хаос, откако тренерот Микел Артета се скарал со напаѓачот Виктор Ѓокереш.

Деталите од нивната караница засега не се откриваат во јавност, но тоа ја отвора вратата за заминување на одличниот напаѓач.

Ѓокереш пристигна во Арсенал како големо засилување и од него се очекуваше да биде важен член во годините кои доаѓаат.

Поради несогласувањата во Арсенал, неговите менаџери веќе почнале и да бараат нов тим за Ѓокереш, па до крајот на преодниот рок би можел да направи изненадувачки трансфер.

Напаѓачот минатата сезона настапи на 36 натпревари за Арсенал и постигна 14 голови.

Фото: Facebook/Arsenal