Македонија ќе биде домаќин на Медитеранското ракометно првенство во 2027 година

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека ќе биде домаќин на 23. Медитеранско првенство за мажи, кое е закажано од 18 до 25 април 2027 година.

Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација (MHC), на седницата одржана на 27 август 2026 година, едногласно донесе одлука организацијата на шампионатот да ѝ биде доделена на Македонија, а на првенството ќе настапат ракометари родени во 2010 година и помлади.

„Доделувањето на организацијата претставува уште една потврда за довербата во Ракометната федерација на Македонија и нејзините организациски капацитети за реализација на меѓународни ракометни натпреварувања. Скопје повторно ќе биде домаќин на меѓународен ракометен шампионат“, соопшти РФМ.