Скандал во Албанија: Претседателот на Влазнија нападна судија (ВИДЕО)

Сериозен инцидент го одбележа натпреварот меѓу Елбасан и Влазнија во албанското првенство, откако претседателот на гостинскиот клуб, Албан Џафери, физички го нападна линискиот судија Ергис Спахиу.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога Џафери се наоѓа во близина на тунелот што води кон соблекувалните, каде што доаѓа до физички напад врз судијата.

Реагираше и Здружението на фудбалски судии на Албанија, од каде што порачаа дека ниту една судиска одлука, без разлика дали е исправна или погрешна, не може да биде оправдување за насилство, закани или притисок врз официјалните лица.