Јамал се разбуди, Рафиња продолжи да стрела - Барсa со пет гола го испрати Рајо (ВИДЕО)
Гостите шокираа уште во 12. минута, кога Серхио Камељо ја затресе мрежата на Барселона и донесе предност за Рајо. „Каталонците“, сепак, не дозволија паника и за само девет минути направија целосен пресврт.
Во 19. минута Рафиња израмни, а само две минути подоцна на сцена стапи Ламин Јамал, кој со одличен удар го донесе Барселона во водство од 2-1. Барселона продолжи да напаѓа и во вториот дел, а во 51. минута стигна и до трет гол. По акцијата на Гордон, Лежен несреќно ја затресе сопствената мрежа за 3-1 за домашниот тии. Рајо не се предаде и повторно се врати во натпреварот преку Камељо, кој со својот втор гол на мечот намали на 2-3.
Сепак, Барселона во финишот покажа зошто е шампион и го скрши отпорот на гостите. Уште по еден гол постигнаа Рафиња и Јамал за конечни 5-2 и максимални девет бода со кои шампионот се задржа на првото место на табелата во Ла Лига. За Јамал ова се први голови во новата сезона со кои успеа да ги замолне критичарите, а особено импресивен беше првиот кој потсети на неговите најдобри изданија.
Рафиња, од друга страна, стигна до пет гола во новата сезона со кои се искачи на првото место на листата на стрелците.