ФФМ: Клучна ВАР-проценка за директен црвен картон за фудбалерот на Тиквеш (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави соопштение по натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар (1-1) во кое ја објасни одлуката на судиите за исклучување на Лавал.

ФФМ објави дека фудбалерот на Тиквеш намерно го удрил противничкиот фудбалер и заслужил директен црвен картон.

„На натпреварот од 5. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Тиквеш и ФК Вардар, во 25. минута од натпреварот, играчот на домашната екипа со број 22 намерно го удри противничкиот играч со лакт во пределот на главата, без можност да игра со топката.

Станува збор за прекршок кој, според критериумите и Правилата на фудбалската игра, ги исполнува условите за директен црвен картон, односно за сериозно недозволено однесување кое се граничи и со насилничко однесување.

ВАР интервенцијата во оваа ситуација е целосно оправдана и правилна, согласно утврдената линија на ВАР интервенции, со оглед на тоа што станува збор за ситуација која има директно влијание врз одлуката за дисциплинска санкција“, соопшти ФФМ.

Видеото може да се погледне ТУКА.