Ефремовски: Одбраната беше клучот за убедливата победа против Австрија!

Македонската кошаркарска репрезентација триумфира со 91-59 против Австрија во Виена на стартот на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Еден од најдобрите кошаркари на Македонија, Виктор Ефремовски одигра важна улога на теренот, но за победата смета дека клуч бил начинот на кој функционирал тимот, како и играта во одбрана.

„Мислам дека одигравме добар натпревар против Австрија. Најважно беше што одигравме добра одбрана и мислам дека токму тоа беше клучот за натпреварот. Како екипа бевме борбени, си помагавме еден на друг и не им дозволивме лесно да доаѓаат до поени. Конечно бевме речиси во полн состав и тоа многу ни значи. Кога сме сите заедно, многу полесно се игра, а особено кога е Нено со нас. Со него многу полесно функционираме и на теренот имаме повеќе опции“, кажа Ефремовски.

Македонија следниот меч го игра против Кипар на 26 ноември од 18 часот.