Алкалоид повторно го надигра Ловќен во Регионалната лига
Екипата од Автокоманда ја имаше предноста од самиот почеток, па сè до крајот првото полувреме кога Ловќен направи пресврт (18-17).
Алкалоид заигра подобро во вториот дел и по 10 минути игра стигна до 26-20 по што стана јасно дека ќе дојде до нов триумф, а тоа го потврди до крајот на средбата (40-29).
Најефикасен кај Алкалоид беше Џонов со осум голови, додека Мрваљевиќ запиша седум погодоци за Ловќен.
Алкалоид е на третата позициај во групата А со четири поени, колку што има и Партизан, а пред нив е Пелистер со шест бодови по три одиграни кола.
Фото: РК Алкалоид