Србија максимално го искористи Јокиќ - четири натпревари, четири победи
Избраниците на Душан Алимпијевиќ со овој триумф ставија крај на непријатната серија против „аѕурите“. Србија последен пат ја совладала Италија во 2019 година, по што следуваа три последователни порази.
Србите одиграа одлично во првото полувреме и во еден момент стигнаа и до 14 поени предност (38-24). Италија успеа да се врати во продолжението и во третата четвртина израмни на 44-44, но гостите не дозволија целосен пресврт. По три четвртини Србија имаше предност од 57-54. Клучниот човек во завршницата беше Алекса Аврамовиќ, кој постигна 20 поени, а одличен беше и Марко Гудуриќ со 19 поени, четири асистенции и два скока. Огњен Добриќ додаде девет поени.
Никола Јокиќ, кој беше под посебно внимание на домашната одбрана, натпреварот го заврши со осум поени и осум скока за 24 минути на паркетот. Сепак, неговото присуство во летните квалификациски натпревари се покажа клучно бидејќи Србија со него во тимот оствари максимални четири победи, по две во јули и август. Србите сега имаат шест победи и два порази и се наоѓаат на второто место во групата Ј, зад Турција.
„Орлите“ со овој триумф направи голем чекор кон пласман на Светското првенство во Катар во 2027 година, а следниот квалификациски предизвик ќе го има во ноември против Литванија, но тогаш во тимот нема да го има Јокиќ.