Ѓоковиќ по 11 години се враќа на турнир каде што никогаш не загубил!

Еден од најдобрите тенисери во историјата Новак Ѓоковиќ по повеќе од една деценија повторно ќе настапи во Пекинг, на турнирот каде што во минатото постави неверојатна статистика.

Српскиот тениски ас последен пат играше во кинеската престолнина во 2015 година, а неговото враќање на турнирот привлекува големо внимание. Ѓоковиќ во Пекинг има совршен резултат и никогаш не загубил натпревар.

Во шест настапи во Пекинг, Ѓоковиќ освои шест титули, со вкупен биланс од 29 победи и ниту еден пораз. На турнирот триумфираше во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година.

Последниот настап во Пекинг му беше во 2015 година, кога во финалето убедливо го совлада Рафаел Надал со 6-2, 6-2.

Фото: Facebook/US Open Tennis Championships