Сити експресно реагира по пропаднатиот трансфер за Гакпо - ќе потроши 80 милиони евра!

Манчестер Сити е на чекор до реализација на нов голем трансфер, откако постигна договор за ангажман на офанзивецот на Евертон, Илиман Ндиаје, јавуваат водечките британски медиуми.

Овој потег на раководството на актуелниот шампион доаѓа како директна реакција по неуспешниот обид да се ангажира Коди Гакпо. Ливерпул експресно ја одби понудата тешка речиси 100 милиони евра за својот фудбалер, по што фокусот на „граѓаните“ веднаш беше пренасочен кон „Гудисон Парк“. Сити за услугите на Ндиаје ќе плати обештетување од околу 80 милиони евра. Иако 26-годишниот сенегалски репрезентативец пред само неколку дена беше на чекор од трансфер во Тотнем, „граѓаните“ влегоа во трката со значително подобра понуда — како за клубот, така и за личните услови на фудбалерот.

Се очекува зделката да биде официјализирана во текот на денот, по што играчот ќе ги мине задолжителните медицински прегледи и ќе потпише со тимот. Ндиаје зад себе има солидна сезона во Премиер лигата, каде што во дресот на Евертон запиша 32 настапи, постигнувајќи шест погодоци и три асистенции.