Ѕвезда на Наполи мора да прави операција на срце!
Според информациите од италијанскиот клуб, шкотскиот репрезентативец ќе биде подложен на корективна аблација, минимално инвазивна процедура која се користи при одредени нарушувања на срцевиот ритам, како што е блага и бенигна аритмија.
МекТоминеј беше заменет во второто полувреме од натпреварот против Комо, кој Наполи го загуби со 1-2, а по дополнителните медицински проверки било утврдено дека е потребна интервенција.
Од Наполи очекуваат 29-годишниот фудбалер да се врати на располагање по репрезентативната пауза во октомври.