Готово е: Енцо Фернандез во Манчестер Сити за рекордна сума
Со оваа сума, трансферот на Фернандез се израмнува со британскиот рекорд. Истиот износ минатата година Ливерпул го плати за Александар Исак при неговиот трансфер од Њукасл.
Фернандез во Челси пристигна во јануари 2023 година од Бенфика за 107 милиони фунти, што во тој момент исто така беше британски рекорден трансфер. По три и пол години, „сините“ сега ќе добијат уште поголема сума за аргентинскиот играч за врска. Трансферот доаѓа во самиот финиш на преодниот рок, а Фернандез веќе добил дозвола да отпатува во Манчестер на лекарски преглед и да ги финализира личните услови пред официјализацијата на договорот.
За Манчестер Сити ова е уште една голема инвестиција во средниот ред, додека Челси во последните часови од преодниот рок ќе мора да реагира и да најде замена за својот досегашен играч.