Трабзон брзо се премисли, Салах остана без тренер
Веднаш по поразот во вториот натпревар, Теке ја понуди својата оставка меѓутоа таа беше експресно одбиена. Сепак, само четири дена подоцна изгледа дека во клубот го промениле мислењето.
Отказот дојде по поразот кој следуваше во првенството од новиот турски прволигаш, Амедспор со 2-1.
„Нашиот потпретседател се сретна со тренерот Фатих Теке за да разговараат за актуелната ситуација и иднината на нашиот тим. Како резултат на разговорот, беше договорен прекин на соработката како најдобра одлука во интерес на Трабзон и неговата иднина.
Во текот на овие речиси 18 месеци, Теке беше исклучително важен за Трабзон. Тој придонесе за развојот на играчите и приклучувањето на младите фудбалери во првиот тим, а даде голем придонес и во спортските и во економските резултати на клубот. Ни донесе трофеј во Купот и го запиша своето име на страниците на историјата на Трабзон.
Му благодариме за трудот и посветената работа, за успесите што ни ги донесе и за вредностите што ги додаде во нашиот клуб и му посакуваме успех во иднина“, стои во соопштението од Трабзон.
Засега не е познато кој ќе биде новиот предводник на Салах и друштвото.