Дани Себаљос се врати во Шпанија, ќе игра и во Лигата на шампиони
Себаљос пристигнува како слободен агент, откако претходно го напушти Реал Мадрид. Шпанецот имаше дополнителен мотив и поради фактот што Бетис сезонава се врати во Лигата на шампионите по цели две децении, па во Андалузија имаат големи очекувања од оваа сезона.
Шпанецот потпиша договор до летото 2029 година и веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Мануел Пелегрини.
Инаку, Себаљос ги помина младинските категории во Бетис од каде што во летото 2017 година премина во Реал Мадрид за 16.5 милиони евра. Сепак, откако не успеа целосно да се наметне, помина две години на позајмица во Арсенал, по што во 2021 година се врати во Мадрид.
За Реал Мадрид одигра 215 натпревари, постигна седум голови и забележа 16 асистенции и ги освои и сите можни трофеи.
Фото: Real Madrid C.F