Детали одлучувале: Пикси бил блиску повторно да стане селектор!
Шпанецот ја презеде функцијата селектор од Хон Мјунг-Бо, кој го напушти кормилото по елиминацијата во групната фаза на Светското првенство.
Пикси беше блиску ја преземе функцијата, дури дел медиумите најавуваа дека работата е речиси завршена.
„Имам доволно искуство во работа во Азија. Добро ја познавам тамошната култура и начинот на размислување и немам никаков проблем да се приспособам на локалниот живот и култура. Кореја е многу амбициозна репрезентација, составена од играчи кои имаат потенцијал и талент за остварување добри резултати“, изјави тогаш Стојковиќ.
Како најголема пречка во преговорите претствувала должината на договорот. Морено потпиша договор само да ја води Јужна Кореја во септември и октомври, додека за долгорочна соработка ќе се одлучува потоа. Такво нешто поранешниот српски селектор не сакал да прифати и барал веднаш да му се даде подолг договор и време да донесе добри резултати.