Ливерпул го доведе најскапиот тинејџер-голман, висок е два метри!

Ливерпул го потврди ангажманот на 18-годишниот белгиски голман Лука Бругманс од Генк

Суперталентираниот чувар на мрежата до крајот на сезоната ќе брани во Белгија, а според медиумите на Островот англискиот гигант за неговите услуги ќе плати сума од 35 милиони евра. 

Со овој трансфер, Бругманс стана најскапиот голман тинејџер во историјата на фудбалот. 

Талентираниот голман, висок дури два метри, потпиша повеќегодишен договор со клубот од „Енфилд“. Според договорот меѓу двата клуба, Бругманс оваа сезона ќе ја помине на позајмица во Генк, каде што ќе собира неопходно сениорско искуство.