Жесус: Знам дека Барса прво го сакаше Алварез, а јас прифатив помала плата
Со неговиот трансфер добро помина и Барселона бидејќи плати сума од 12.8 милиони евра за напаѓач кој има потенцијал да биде одлично засилување.
„Пред една недела ја добив првата порака дека овој трансфер би можел да се реализира. Кога почнав да размислувам за тоа како за реална можност, бев навистина возбуден. Сега едвај чекам да почнам да тренирам и да играм“, изјави Жесус на претставувањето.
„Не ми пречи што бев план Б, односно што прва желба беше Хулијан Алварез. Тоа не ме засега. Она што ми пречи е што луѓето зборуваат дека сум лош човек, а тоа никогаш во животот не сум бил. Ме засега и кога не играм. Тоа се работите што ме нервираат. Добив шанса да играм за Барселона, можност која ја имав пред десет години. Животот повторно ми ја понуди таа можност“, рече Жесус.
Парите ги ставил во втор план затоа што сакал да го оствари својот сон.
„Прифатив и значително помала плата, но мојот сон е да бидам овде. Сепак, не бев само јас тој што мораше да се потруди за да се реализира овој трансфер, туку и Барселона си ја заврши својата работа. Ако ме прашавте пред еден месец, ќе ви кажев дека е малку веројатно ова да се случи. Не мислев дека на 29 години ќе добијам шанса да дојдам во Барселона“, искрено порача Бразилецот.