Познати ривалите на Серафимов и Левски - ќе го пречекаат Милан во Софија (ФОТО)

Денеска се одржа ждрепката за лигашката фаза во Лига Европа за новата сезона, па 36 екипи го дознаа распоредот и противниците на патот кон нокаут-фазата во елитното натпреварување на УЕФА.

Македонскиот фудбалер Никола Серафимов заедно со Левски Софија ги дознаа ривалите во лига Европа, а тоа се Милан, Марсеј, Салцбург, Викториј Плзен, Јагјелонија, Сандерленд, Лилстром и НЕЦ.

Милан доби интересен распоред, односно ќе биде домаќин на Бенфика, Ференцварош, Сандерленд и Арарат, додека ќе гостува кај Олимпијакос, Салцбург, Борнмут и Левски Софија.

Јувентус пред своите фанови ќе игра против Реал Сосиедад, Рен, Омонија, НЕЦ, а ќе гостува кај АЗ Алкмар, Фенерцварош, Селта и Хапоел Бер Шева.