Херера даде гол слободен, Борац ќе игра во Европа
Еден од најзаслужните за пласманот во Конференциската лига на босанскиот тим беше македонскиот репрезентативец Себастијан Херера. Херера на првиот натпревар на кој заврши со истиот резултат беше асистент на првиот погодок, додека вечерва и самиот се запиша во листата на стрелци.
Херера на сцена стапи во 55-тата минута кога постигна гол од слободен удар и го израмни резултатот, претходно во 16-тата минута Викингур поведе со автоголот на Хреља. Во продолжение погодуваа Јурќиќ и Џајиќ за конечни 3-1.
Вториот македонски репрезентативец во Борац, голманот Дамјан Шишковски натпреварот го гледаше од клупата за резерви.
Во Конференциската лига обезбедија уште и Лугано на Алиоски и Аталанта на Елиф Елмас, додека Ренџерс на Бојан Миовски ја заврши евроспката епизода со елиминација од Јаблонец.