ФФМ го казни Тиквеш поради национализам на мечот со Шкендија (А)

Екипата на Тиквеш доби највисока санкција од Дисциплинската комисија за средбите од третото коло од Првата лига, откако ФФМ ги казни со 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлањето предмети на теренот за време на натпреварот против Шкендија Арачиново (0-1).

Составот на Струга Трим Лум, пак, же треба да уплати 2.000 евра поради пропусти во организацијата на натпреварот односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра.

Кога станува збор за индивидуалните санкции, Димитриј Димитриевски од Беласица и Зоран Ивановски од Брера Струмица добија по еден натпревар суспензија поради исклучување со втор жолт картон.