Ѓоковиќ со потресно сведоштво: Гледав авион како фрла бомби врз болница, вистински хорор (ВИДЕО)

Денеска на платформата „Прајм видео“ беше објавен документарецот за Новак Ѓоковиќ кој го носи името „The Wolf in Winter“ и во него самиот Ѓоковиќ зборува на разни теми од неговиот живот и кариера.

Една од темите е и тешкото детство на Ѓоковиќ кога со своето семејство морал да се спасува во моментите кога Југославија била бомбардирана. 

„Во една од првите ноќи на бомбардирањето, нашата зграда немаше засолниште. Затоа моравме да одиме во друга зграда. Трчавме кон таа друга зграда. Беше ужасна глетка, бидејќи беше два-три часот наутро. Беше темно. Гледате луѓе како трчаат наоколу, во паника. Не знаеја каде да одат, се обидуваа да си го спасат животот. Се сопнав и паднав. Го видов моето семејство како трча на околу 15 метри од мене. Се обидував да викнам: „Помогнете ми, помогнете ми.“ Не ме слушнаа, продолжија да трчаат. Се свртев и ја погледнав нашата зграда. Видов авион како фрла две бомби врз блиската болница. Стоев на дождот, во темнината, беше вистински хорор“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во овие моменти се подготвува за настап на Ју-Ес Опен, турнир кој почнува на 30 август и ќе се игра до 13-ти јули.