Ферстапен со еден потпис стави крај на шпекулациите за неговата иднина!
Со овој потпис Холанѓанецот стави крај на шпекулациите за неговата иднина, бидејќи медиумите го поврзуваа со заминување во Мерцедес или Мекларен.
„Ги имаме најдобрите луѓе и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно со и ќе се обидеме да се вратиме повторно на врвот“, рече Ферстапен.
Ред Бул има тежок старт на ерата со нови правила за колите и моторите кои стапија на сила од оваа сезона.
Најдобрите резултати на Ферстапен оваа сезона се две втори места, во Австрија и во Унгарија.