Мурињо: За Ламин Јамал нема место во Реал Мадрид - дури и да сака!

Шпанскиот репрезентативец, Ламин Јамал, во моментов е еден од најпосакуваните фудбалери во светот, но ако се прашува тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, младата суперѕвезда на Барселона нема место во неговиот тим.

Португалскиот стратег доби директно прашање дали би сакал да го види Јамал на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот одговор беше категоричен.

„Тој е многу добар фудбалер, но не би го ангажирал. Ние веќе ги имаме најдобрите играчи. Сега тие се мои момци, а моите момци се најдобри“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ не ги оспорува квалитетите на шпанскиот репрезентативец, кој и покрај младоста веќе има огромно искуство и титула европски шампион со својата репрезентација. Сепак, Мурињо потенцира дека целосно им верува на фудбалерите кои во моментов ги има на располагање во Реал.

Јамал одамна е на радарот на најбогатите европски клубови, но Барселона направи сѐ за да ја осигури иднината на својот најголем бисер. Младиот ас има договор со каталонскиот гигант до 30 јуни 2031 година, а во него е вметната фантастична откупна клаузула од една милијарда евра, со која Барселона практично испрати порака до сите заинтересирани дека нема намера да се откаже од својата суперѕвезда.