Мендеш работи на сензационална размена меѓу Милан и Манчестер Сити!

Најголемиот фудбалски агент на денешницата, Жорге Мендеш, е во интересна мисија во која се инволивирани Милан и Манчестер Сити.

Агентот се обидува да направи размена во која се вклучени Рафаел Леао и Рубен Дијаш.

Милан сака да се ослободи од Леао, па сака да го даде на Манчестер Сити, а во спротивен правец да го добие Дијаш.

Росонерите покрај тоа што ќе го дадат Леао, ќе треба и да доплатат за да го добијат Рубен Дијаш.

Останува да се види дали Жорге Мендеш ќе успее да ги договори сите страни.