Иранец изведе аут каков што ретко се гледа - топката леташе над 50 метри! (ВИДЕО)

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади повторно привлече големо внимание во јавноста со неверојатното изведување на аут, кога на дуелот меѓу Спартак и Уфа ја фрли топката и истата леташе над 50 метри.

„РуСтат“, која се занимава со статистика во рускиот фудбал, објави дека ова изведување на аут е рекорд, а потегот на Мохамади ги воодушеви навивачите.

Според податоците, топката прелетала неверојатни 51,6 метри, а притоа во еден момент достигнала висина од 10,8 метри пред да падне во опасната зона пред голот на ривалот.