Атлетико со два еврогола ја урна Малага во Ла Лига (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид се помачи, но дојде до победа на првиот натпревар во сезоната откако вечерва со 2-0 ја совлада Малага.

Малага која сезонава се врати во шпанската елита одигра добар натпревар и попушти дури во завршницата.

При резултат 0-0 гостите имаа и свои шанси да поведат, меѓутоа Облак на голот на Атлетико се истакна со одлични интервенции.

Резултатот беше отворен на 20-тина минути пред крајот кога новото засилување Ли Канг постигна мајсторски гол, додека за конечните 2-0 се погрижи Алекс Баена и тоа со уште по атрактивен погодок од слободен удар.

Фото: Atlético de Madrid