Братска пресметка во Битола, навивачите се собраа да го поздрават Червар (ФОТО)

Денеска во Битола се одигра традиционалниот натпревар помеѓу Пелистер и Пелистер 2 кој го доби првиот тим на македонскиот вицешампион со убедливи 39-17.

Овој натпревар привлече голем број гледачи затоа што беше и прв во Битола на Лино Червер кој летово ја презема битолската гордост со големи очекувања дека Вардар ќе биде симнат од тронот.

Иако средбата беше од неофцијален карактер навивачите се собраа во голема бројка за да го поздрават хрватскиот стратег и да му посакаат среќа.

Првиот официјален натпревар Пелистер го чекува против Партизан на 23-ти август исто така во Битола и тоа во рамките од новоформираната Регионална лига каде што Охрид и Вардар забележаа победи во своите први дуели.