Во Реал Мадрид пристигна наследник на Модриќ и тоа од – неговото семејство!

Ќерката на легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ, 13-годишната Ема Модриќ, денеска му се приклучи на Реал Мадрид, клубот каде што нејзиниот татко ги помина најдобрите денови од кариерата.

Ќерката на легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ, 13-годишната Ема Модриќ, денеска му се приклучи на Реал Мадрид, клубот каде што нејзиниот татко ги помина најдобрите денови од кариерата.

Ема во Мадрид пристигнува од Милан, каде што настапуваше за академијата успеа да ја освои титулата шампион на Италија до 13 години. Во финалето, таа и нејзините соиграчки го совладаа градскиот ривал Интер во април годинава.

Интересно е што додека Лука Модриќ својата кариера ја продолжи во Италија, Ема направи спротивен чекор. Татко ѝ неодамна го продолжи договорот со Милан, каде што ќе остане најмалку уште една сезона, додека неговата 13-годишна ќерка замина во спротивна насока во Мадрид.

Така, Ема ќе има можност да го продолжи својот фудбалски развој во една од најпознатите академии во светот, а нејзиното пристигнување дополнително го збогатува семејното наследство на Модриќ во Реал Мадрид.

Лука Модриќ беше дел од „кралскиот клуб“ од 2012 до 2025 година и остави огромна трага во историјата на Реал. Со мадридскиот гигант освои неверојатни 28 трофеи, меѓу кои и шест титули во Лигата на шампионите и четири шампионски титули во Ла Лига.

Хрватскиот маестро одигра 597 натпревари за Реал, постигна 43 гола и запиша 95 асистенции, а во 2018 година го освои и најпрестижното индивидуално признание, Златната топка.