Родри потпиша, но Барса не завршила: Флик мерка страшен голгетер

Барселона пред неколку дена го комплетираше трансферот на Родри, меѓутоа во самиот финиш за навивачите може да пристигне вистински „шлаг на тортата“, барем според последните најави од шпанските медиуми.

Познатиот шпански новинар Жерар Ромеро во живо на каналот „Jijantes FC“, откри дека каталонскиот гигант ќе тргне по потписот на Лаутаро Мартинез, наводно тренерот Ханси Флик лично иснистирал да му се доведе 27-годишниот голгетер на Интер.  

Аргентинецот, наводно, е отворен за промена на средината и сака нов предизвик во кариерата, што им дава надеж на челниците на Барселона дека можат да го убедат да се пресели на „Камп Ноу“.

Мартинез во Интер пристигна во 2018 година од аргентинскиот Расинг и во изминатите осум години прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во светот. Со „нераѕурите“ освои две шампионски титули во Италија, а беше и еден од најважните играчи во походот до финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, Барселона ја очекува исклучително тешка задача. Интер неодамна го награди својот капитен со нов договор и нема намера лесно да се откаже од својата најголема ѕвезда. За трансфер во последните денови од преодниот рок, италијанскиот клуб сигурно ќе бара огромна отштета.

Каталонците затоа ќе мора да најдат начин да ја конструираат финансиската операција, а првиот конкретен чекор се очекува во наредните денови.

Доколку Барселона успее да го реализира овој трансфер, тоа би бил еден од најголемите потези на летото и спектакуларно засилување за тимот на Флик.

Фото: Barcelona FC