Синсинати остана без двајцата главни фаворити!

Втор мастерс по ред, во завршницата ќе нема никој кој освоил грен слем, ниту пак еден тенисер од најдобрите пет во моментов, како и минатата недела, за титулата ќе се борат тенисери кои не припаѓаат на самиот врв.

Првиот носител, Александар Зверев имаше меч топка против Томи Пол, но во четвртфиналето отиде Американецот победувајќи со 4-6, 7-6 (8-6), 6-4.

Вториот носител, Феликс Оже-Алијасим, немаше таква шанса, тој загуби со 0-2 во сетови од Френсис Тијаго, 6-3 и 6-4.

Сега главен фаворит е Тејлор Фриц кој е деветти во светот. Тој нема пораз откако е почната американската турнеја, го освои Вашингтон, сега е во четвртфиналето во Синсинати. Загуби во Монтреал, но тоа е во Канада.