Африкански хулигани се (с)тепаа со навивачи на Барса на трибините на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)
За време на средбата дошло до повеќе физички пресметки меѓу гостинските навивачи и приврзаниците на Барселона, поради што морале да интервенираат обезбедувањето и полицијата. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се забележи голема мешаница на трибините, а во еден момент биле разменувани и удари. Обезбедувањето имало полни раце работа за да ја стави ситуацијата под контрола, по што десетици гостински навивачи биле исфрлени од стадионот.
Нивното заминување од трибините било проследено со саркастични свирежи од домашната публика, по што ситуацијата конечно се смирила и натпреварот продолжил без поголеми инциденти.